
BMW Series 4 Gran Coupe има многу сличности со купето со две врати – димензиите, но и изгледот на предницата и задницата се речиси идентични, а тука се и дизајнерски карактеристики на германскиот производител. Разлика има во покривот кој кај Gran Coupé е 12 милиметри повисок, 112 милиметри подолг и со фин премин кон задниот дел на возилото и багажникот.
Интересно е дека овој модел е подолг, поширок и подинамичен од било кој претходен модел од средната класа на BMW, а има и подобрена балансираност на пропорциите кај автомобилот. Во основа Gran Coupe е комбинација на елегантниот изглед на купето со функционалноста на моделот со четири врати.
BMW ја претстави новата верзија на Series 4 која ќе ја носи ознаката Gran Coupe, што ќе биде нивното прво купе со четири врати во премиум средната класа. Ова е трет модел од оваа серија, откако германската компанија ги претстави стандардниот купе модел и кабриолетот.
Продолжената линија на кровот ја нагласува елеганцијата и софистираноста на гран купето на „четворката”. Исто така, тоа значи дека има повеќе простор во внатрешноста, како и зголемена удобност. Багажникот има 480 литри и е за 35 литри поголем од верзијата со две врати.
На почетокот xDrive системот со погон на сите четири тркала ќе биде достапен на моделите 428i Gran Coupe и дизелот 420d Gran Coupe.
httpv://www.youtube.com/watch?v=LSkih55a1lc

