
Родителите добро знаат дека децата го прават токму она што го гледаат, односно ги имитираат возрасните. Но ова видео тоа го раскажува на многу ефикасен начин.
Децата ќе ги научиме да бидат добри луѓе, само доколку им дадеме добар пример. За жал, овој процес не се одвива баш онака како што треба.
Малечките ги копираат возрасните, и не прават разлика дали тоа е добро или лошо. Ако сакаме малечките да ги следат нашите чекори, мораме да водиме светка за патот по кој чекориме за да не ги насочиме и нив на погрешен пат.
Погледнете го овој спот кој на нас ни остави голем впечаток и кој ни покажа уште еднаш колку е важно наследството што им го оставаме на нашите малечки, бидејќи детето е она што сме ние, но и иднината на овој свет.
httpv://www.youtube.com/watch?v=gXjE68-_jBs