
Германскиот производител овие денови дискретно најави можност за производство на потполно нов модел – “работна” лимузина која би била директен ривал на BMW серијата 5, Мерцедес Е класа, Масерати Гиблија и Јагуар ХФ. Идниот модел би бил позиционирам испод актуелната Панамера, а воедно и втората лимузина во производната гама на овој гигант. Меѓутоа, во Порше најавиле дека моментално се концентрирани на производството на Макан, но идејата за работна лимузина е за сега во втор план.
