Љубовниците на познатите политичари!

popara5 февруари, 20141min00
ljubovi-pretsedateli-670x320

„Приватните работи се решаваат приватно”, им рече Оланд на новинарите на пресот во вторникот, кога му поставија прашања за неговата афера со глумицата Жили Гаје, за која пишуваше таблоидот „Клоузер”.

oland-afera-lj

Францускиот претседател призна дека тој и неговата партнерка, новинарката Валери Трирвелер, минуваат низ „болни моменти” и вети дека ќе ја разјасни ситуацијата пред посетата на САД на 11 февруари.

Што се однесува на приватниот живот, постои огромна разлика меѓу англосаксонските политичари, каде што постои тенка граница меѓу приватното и јавното, и остатокот на светот, особено југот на Европа, каде што приватноста повеќе се почитува, а љубовните приказни и афери повеќе се толерираат.

Американскиот претседател Бил Клинтон во август 1998 година мораше да признае на видеоснимка, пред големата порота, дека имал „незгодни односи” со приправничката во Белата куќа Моника Левински.

bil-monika

Три недели подоцна, под притисок на обвинителот Кенет Стар и на Претставничкиот дом, каде што републиканците го имаат мнозинството, демократскиот претседател мораше да признае во директен пренос на телевизија дека не покажал доволно каење кога ја признал оваа афера.

Тој со солзи во очите рече дека се кае и „бараше прошка” на состанокот со верските главешини во САД.

Клинтон дури на крајот на вториот мандат успеа да се ослободи од процесот на изгласување недоверба.

За разлика од обичаите во САД, рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила во јуни 2013 година во интервју на телевизија објавија дека се развеле, наведува АФП.

putin-alina-da

Двојката со години пред тоа не се појавуваше заедно во јавноста и нивниот приватен живот беше потполно таен, но излегувајќи од една претстава, тие одговорија на прашањата на новинарите и го објавија разводот, без да го прецизираат датумот кога се случило тоа.

Меѓутоа на таа објава, која беше без преседан и очигледно беше организирана, ѝ претходеше приведувањето на новинарот на весникот „Московски кореспондент”, кој пишуваше за можен втор брак на Путин со гимнастичарката Алина Кабаева. Тој е приведен во април 2008 година.

Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони секогаш велеше дека пишувањата на печатот за скандалите поради неговите односи со колгерлите, од кои една беше малолетна, се „недостојни напади” врз него.

Но тој секогаш се определуваше за провокации наместо за оправдувања. „Подобро е страст спрема жени отколку да се биде хомосексуалец”, велеше тој.

berluskoni-sopruga

Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози се разведе од Сесилија Сигана Албенис додека беше на претседателската функција. Тоа беше објавено во октомври 2007 година во едно лаконско соопштение, во кое беше речено дека „разводот е спогодбен”.

Неколку месеци подоцна Саркози дозволи да го сликаат со новата партнерка, пејачка и поранешна манекенка Карла Бруни, а во јануари 2008 година предизвика збунетост кога насреде конференцијата за новинарите објави: „Врската со Карла е сериозна”. Набргу потоа тие се венчаа.

nicolas-sarkozy-first-lady-carla-bruni

И во Аргентина брачниот живот на еден шеф на државата своевремено предизвика бура. Претседателот Карлос Менем и неговата сопруга Сулема Јома се разведоа во јуни 1995 година, но процесот на развод почна во јуни 1990 година со голем скандал кога шефот на државата со декрет наложи неговата сопруга и нивните две деца да ја напуштат претседателската резиденција.