
Полицаецот Марк Баилон морал да ја напушти работата бидејќи станал предмет на потсмев меѓу колегите поради видеото кое се појавило на Јутјуб.
На видеото, полицаецот како во сцена од акција-комедија пресретнува автомобил кој бил управуван од страна на пензионер па потоа со пендрак му го искршил стаклото. Баилон поради овој непријатен инцидент бил предмет на секојдневно исмевање од страна на колегите, па морал да се повлече од служба.
Епилогот на оваа приказна за многумина бил неочекуван – судот му доделил оштета од 430 000 фунти бидејќи поради малтретирање и омаловажување на работа морал да си даде отказ.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VUptcBBhsAo