
Целата приказна започнала пред неколку години во Калифорнија, а денес во САД и Канада повеќе од дваесет клиники го нудат овој вид на медицинско-естетска интервенција. Дури и во Азија постојат клиники кои се занимаваат со вагинална естетска хирургија.
Некогаш ваквата хирургија се практикувала исклучиво кај повреди или поради здравствени причини, додека денес промената на изгледот на вагината е вистински хит.
Некои жени се одлучуваат да ја стеснат вагината за да го зголема сексуалното уживање. Други пак, не се задоволни како изгледаат нивните вагинални усни, а има и жени кои (најчесто во земјите каде за брак невиноста е важна) со реконструкција на хименот ја враќаат “невиноста”.
Од европските земји, ваквите зафати најчесто се вршат во Франција и Шведска.
