Неверојатно: Во затвор зашто се вознемирувала сама себе на интернет!

popara6 февруари, 20141min00
151531

Мишел Шепмен (24), од градот Пар во Корнвол, е осудена на 20 месеци затворска казна, откако било утврдено дека направила лажен налог на својот татко и маќеата на Фесјбук, и со нив на својот налог си испраќала вознемирувачки и заканувачки пораки.

mis500

Таа потоа се жалела на полицијата заради „вознемирувањето” и како доказ им ги покажала пораките. Во судот биле приложени докази дека поради нејзините лаги невини лица биле сослушувани во полиција и дека поради нејзините акти, дошло до развод меѓу нејзиниот татко и маќеата.

Судијата Кристофер Кларк, ја опиша Чепмен како „луда”. Таа и порано била на суд поради слични дела, но тогаш поминала само со предупредување.

Чепмен цела година се „малтретирала” самата себе, а тоа го утврдиле експертите кои откриле дека налозите на Фејсбук се направени од иста компјутерска адреса. Таа не била во контакт со таткото 21 година, а кога конечно се сретнале се скарале, поради што таа решила да се одмазди.

Сопругот и адвокатот на Чепмен, рекоа дека таа не е ментално стабилна и дека не ги разбира последиците на своите дела.

-Таа е жртва, таа има ментални проблеми и тоа е само повик за помош. Тоа се случува кога очајнички ви треба помош- вели нејзиниот сопруг Глин Чепмен (57).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *