
„Тешко ми е да ги гледам вашите солзи, но јас го одбрав патот на Алах. Го направив тоа за да заслужам рај и да направам Алах да биде задоволен. Вие не можете да ме тргнете од овој пат”, им порачал на своите родители.
Во пораката тој додал дека нема да ги погледне нивните пораки бидејќи не сакал тие да го поколебаат во намерата.
„Не сакам да ги погледнам вашите пораки бидејќи мислам дека ќе влијаат врз мојата одлука”, истакнал Печенкин и додал дека нема намера да се врати дома, пренесува „Москов Тајмс”.
Мене Алах никој не ми го наметна, рекол Павел во пораката и истакнал дека многу негови браќа ги оставиле своите семејства и „тргнале во искушение на џихадот”.
Тој им порачал на своите родители да не им веруваат на она што го зборуваат телевизиите за муслиманите.
„Ние не убиваме деца, но овде можам да видам многу деца кои плачат по своите татковци”, рекол Печенкин.
Оваа видеопорака, всушност, била одговор на повикот од неговите родители кои го молеле да се врати дома. Неговиот татко Николај во порака го замолил „да го фрли оружјето пред да стане терорист”.
„Шетаат ли сите муслимани со оружје? Само вие сте толку тврдоглави. Каква штета ти нанеле тие луѓе?, стои во пораката што татко му ја испратил до него.
Неговата мајка Фаназија му порачала дека и таа е муслиман и дека и таа верува во Алах, молејќи го да се воздржи од насилство.
„Каков Куран!? Алах никому не кажал дека треба да се убиваат луѓе. Павлик, јас верувам во тебе – врати се, те молам, му порачала неговата мајка и додала дека откако заминал таа живее во пекол.
„Замисли некој да ги убие твоите родители, како би се чувствувал? Зошто децата ги претвораш во сирачиња”, го прашала таа.
Павел Печенкин е роден во Волжск, место кое се наоѓа на источниот европски дел од Русија. Во декември 2011 година преминал во ислам, а потоа се отселил од родителите кои подолго време не знаеле каде се наоѓа.
По преминување во ислам Печенкин го променил своето име во Ансара ал Руси.