
Компанијата Wacoal објавила промотивен видео клип кој носи наслов “Мојата преубава жена“ и кој се базира на вистинска приказна, со цел да се испрати порака дека секоја жена е убава на свој начин како и тоа дека нејзината убавина доаѓа од длабочината на душата.
Филмот трае само 7 минути, кои се сосема доволни за да се раскаже една трогателна приказна за љубовта и пожртвуваноста, а при тоа не наведува да сватиме дека работите не се онакви какви што изгледаат на прв поглед. Приказната за малото девојче Џун и нејзината мајка трогна илјадници срца ширум светот.
Погледнете и бидете искрени: Дали успеавте да се воздржите и да не заплачете?
httpv://www.youtube.com/watch?v=SZdeZNawppk