Жените вечно го чекаат мажот на својот живот. Најчесто го поврзуваат со Принцот на бел коњ. Но дедека го чекаат понекогаш налетуваат на опасен мачо – безсрамен, предизвикувачки, секси и доволно моќен да го скрши срцето на секоја жена, вклучувајќи го и твоето.
Ваквото сценарио носи многу тага и ако се уште не си ја направила грешката да му го дадеш срцето и душата на сребрен послужувалник, треба да знаеш дека имаш избор! Да тој е фатален, иначе немаше да биде мачо. После него секогаш останува пустош но и нешто многу тешко и незаборавно – како летна бура и танц во темнината. Кога ќе го сретнеш, едноставно знаеш, дека нема да побегнеш, не би ни можела. Тоа е проклетството на Ромео, на Дон Жуан, на Казанова и таков маж е способен да те подчини со поглед. Тој те дигнал нагоре кон ѕвездите многу брзо и со истата таа брзина те спуштил долу.
Фала му на Бога што си заминал од тебе. Точно е дека ти го скршил срцето, ти ја опустошил душата, но ти можеш и мораш да се соземеш и да продолжиш напред без него многу посилна и многу поумна. Се собираш себе си парче по парче и долго ги лекуваш раните. И сосема не го забележуваш оној третиот – тој е вистинскиот. Не е мачо, не е некаков принц, но ги има најсилните раце на светот. За прегратка – таа што нема да те предаде, нема да те повреди, топла и засекогаш…