Почина Британка во Боровец од кокаин!

popara7 февруари, 20141min00
The-Signs-of-Cocaine-Addiction

Нина Холмс (22) починала во неделата вечер пред клубот БЈ во Боровец.

Осуммина други Британци биле пренесени во болница откако зеле кокаин, а еден од нив, како што пишува весникот е во критична состојба.

borovec-zena

Сведоци на овој трагичен инцидент изјавија дека младата девојка се струполила и се онесвестила, покрај вратата на клубот, популарно собиралиште на млади, откако претходно се пожалила дека не се чувствува добро. Несреќната девојка веднаш потоа починала, на само пет-шест метри од паркираното полициско возило, во кое имало неколкумина бугарски полицајци кои на тој начин биле сведоци на смртта на младата Британка.

Бугарската полиција отвори истрага за смртта на Британката, но се сомнева дека Холмс таа ноќ купила „сомнителен” кокаин од еден локален дилер на дрога. Една млада Бугарка за која полицијата знае дека препродава дрога е уапсена, осомничена дека продавала „смртоносна мешавина” на дрога. Полицијата, исто така, приведе и сослуша повеќемина вработени во Боровец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *