По Сноуден Америка прислушкува помалку од 30% од повиците!

popara8 февруари, 20141min00
NSA-pod-685x320

Според неименуваните соговорници на весникот, во 2006 година електронското разузнавање во рамките на тајната програма собирала информации практично за сите повици, но од летото 2013 година, кога во медиумите се појави информацијата од Едвард Сноуден за постоењето на тајната програма Prism со којашто се следат електронските комуникации на милиони луѓе во целиот свет, оваа бројка се намалила за трипати. Тоа, според изворите, се должи на зголемувањето на повиците преку мобилните телефони, па технички е невозможно да бидат следени сите.

phone-spiunaza-685x320

„Владата презема чекори за враќање на претходниот обем на собирањето податоци, коишто не ја вклучуваат содржината на разговорите. NSA се подготвува да добие судска одлука, за принудување на мобилните оператори за предавање на информациите на властите”, се наведува во написот на The Washington Post.

Сево ова се случува во заднината на обидите на Белата куќа работењето во оваа сфера да стане потранспарентно и да ги стивне стравувањата на Американците за нарушувањата на нивната приватност, забележува весникот. Американскиот претседател Барак Обама во јануари предложи иницијатива за измени на методите на работењето на NSA и му наложи на министерството за правосудство и на американската разузнавачка заедница до крајот на март годинава да достави план за нивно спроведување. Инаку, американските власти го оправдуваат собирањето на податоците за телефонските разговори со борбата против тероризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *