Замислете си дека ваш познат добил Нобелова награда, пријателката пак добила големо наследство, на колегата му ја зголемиле платата, соседот си купил нов стан, а тој од долу си купил Мерцедес. Што чувствувате во ваква ситуација?
Сите завидуваат на сите! Факт!
Велат дека среќата на другите го ранува човек многу подлабоко, отколку неговата лична несреќа…или, својата мака можеш да ја преживееш, но како да ја преживееш туѓата радост?
Човек губи премногу животна енергија броејќи ги не сопствените успеси, туку успесите или падовите на другите. Во резултат на тоа го напаѓаат разни болести, тврдат психолозите, кои бавно но сигурно го уништуваат внатрешно.
Нема ништо подобро од тоа да ни завидуваат. Сватете ја зависта како подарок. Ако ви завидуваат, радувајте се! Зависта е најискрената форма на комплимент! Не се спријателувајте со луѓе со јасно изразен комплекс на завист. Вашиот оптимизам ќе ја направи природната селекција на луѓето кои ве опкружуваат. Вистинските и потенцијалните завидливи луѓе ќе ве напуштат, а со вас ќе останат само силните и душевно здравите луѓе. Така ќе создадете психолошки здрава атмосфера за сопствениот живот и просперитет.
Зависта е криво огледало на реалните сопствени интереси и желби! Оној што ти завидува, во тебе го гледа она што тој сака да биде, но никако да успее…
Ви Благодарам на сите Вас што ме озборувате и што ми завидувате, зошто вие најдобро ми покажавте колку сум Голема во вашите очи…