
По енормното консумирање алкохол и дрогирањата на 20-годишна возраст, Хофман пред неколку години изјави дека 23 бил „чист’, меѓутоа во 2012 година повторно призна дека е зависник, а во мај минатата 2013 година десет дена мина на третман за одвикнување.
„Уапсивме четири лица, на 40, 22 и 57 години, и една жена, на 22 годишна возраст”, прецизирал портпаролот на њујоршката полиција и додал дека кај нив, во јужниот дел од Менхетен е пронајдено големо количество хероин, пренесува AFP. Уапсените се обвинети за поседување дроги. Претходно полицијата соопшти дека трага по лицето или лицата кои му ја продале дрогата на актерот, пронајдена во неговиот стан.
Четириесет ишестгодишниот Филип Сејмур Хофман беше пронајден мртов недела на подот од неговата бања од неговиот апартман на четвртиот кат од заградата „Пиквик Хаус” во Гринвич Вилиџ со шприц во раката. Во станoт на Хофман биле пронајдени и околу 50 пакувања со хероин, искористени шприцови и лекарски рецепти. Според полицијата, на чии извори се повикува телевизијата CNN, на повеќето од пронајдените пакети биле испишани уличните имиња за хероинот „Ас пик” и „Ас срце”.
Меѓу пронајдените лекови станот на Хофман бил „бупренорфин”, препарат кој се користи за ослободување од зависноста на дроги, како и релаксантот за мускули „метокарбамол” и „Виванс”, кој се препишува при третирање на синдромот од недостига на внимание и хиперактивност. Инаку, минатата година актерот јавно соопшти дека минува низ третман на рехабилитација и лекување на зависноста од дрогите.
Резултатите од обдукцијата којашто беше извршена во понеделникот, сé уште не се објавени, но анализите потврдиле дека дрогата пронајдена во неговиот стан е хероин. Полициски извори за американските медиуми изјавија дека хероинот не бил помешан со силниот аналгетик „Фентанил”. Оваа смеса, инаку, се смета за одговорна за неколку десетици случаи на предозирања со дроги во последните месеци во САД.
Хофман беше еден од најценетите актери во Холивуд и неговата смрт предизвика шок. Сними педесетина филмови и повеќе телевизиски серии. Хофман, роден на 23-ти јули 1967 година во Фејрпорт во американската сојузна држава Њујорк, во 1989 година дипломирал на колеџот за уметност на Њујоршкиот универзитет. Истата година започнува да работи во разни театарски трупи, а во 1991 година почнува да снима за филм и телевизија, а се појавува и во гледаната серија „Закон и ред”. За работата на телевизијата ја доби ценетата награда Еми. За улогата во биографскиот филм „Capote” во кој го толкуваше Труман Капоте во 2005 година ги доби најпрестижните филмски награди Оскар и Златен глобус. Во 2012 година ја доби наградата за најдобра споредна улога Венецијанскиот филмски фестивал во драмата „Мајстор”.


