
Шварценегер смета дека Роналдо е одличен фудбалер токму заради тоа што многу се посветува на физичкиот аспект.
„Тој има фантастичен физички изглед и совршени стомачни мускули. Тој е во одлична форма. Затоа и е толку добар фудбалер” – стои во изјавата на Шварци која ја пренесе Marca.
Арнолд Шварценегер е познат како една од најголемите акциони ѕвезди, статус кој го доби благодарение на изборот на улоги за кои секогаш бил во топ форма. Поранешниот гувернер на Калифорнија во својата последна изјава го изрази своето воодушевување од физичкиот изглед на Кристијано Роналдо.
