Поучна приказна: Орелот кој верувал дека е кокошка!

popara10 февруари, 20141min00
8

Понекогаш забораваме колку вредиме, забораваме колку сме големи и се гледаме низ очите на другите. Многу е важно човек секогаш да си ја знае својата цена и да не дозволува мислењето на другите да му влијае, затоа што може да ви се случи нешто вакво…

“Имало едно време еден огромен планински врв, на него орлово гнездо, а во гнездото четири јајца. Еден ден имало силни ветришта и едно од јајцата се стркалало надолу по планината и стигнало до фармата за птици. Кокошките решиле да се погрижат за јајцето и една од нив се согласила да го износи.

После некое време јајцето распукало и излегло прекрасно мало орле. Но за жал, било одгледано како пиле. И наскоро и самото тоа поверувало, дека е пиле. Ги сакало домот и семејството, но духот му копнеел за уште нешто…(нашите копнежи не се случајни, нашиот копнеж ни покажува што сме…)

Еден ден, додека си играло на фармата, орлето погледнало кон небото и видело неколку силни орли како летаат високо во далечината.

О – рекло тоа – колку многу сакам да летам како оние птици. Другите пилиња гласно се изнасмеале.

Нема како да се случи тоа, ти си пиле, а пилињата не знаат да летаат, му рекле тие. Орлето продолжило да гледа кон своите вистински роднини, сонувајќи да биде како нив. Но секогаш кога ќе проговорело за своите мечти, другите му се смееле.

И така орелот научил да верува во она што другите го уверувале. Поминало време, тој престанал да мечтае и продолжил да го живее својот живот и понатака како пиле. До моментот додека не умрел…А знаете ли што е најжално? Не се ни обидел да полета…“

Човек станува таков каков што верува дека ќе стане,

Ако мечтаеш да си орел, следи ги своите соништа,

А не да слушаш што ти зборуваат кокошките.