
Сара Рајт (18) е родена со албинизам, пореметување кое се карактеризира со тотално или делумно отсуство на пигмет во косата, кожата и очите. Оваа тинејџерка преживеала вистинска тортура во училиште, каде врсниците често ја мавале со камења или празни конзерви бидејќи е различна. Но оваа девојка денес е победник на изборот за алтернативна манекенка на годината и повторно верува со својата уникатна убавина.
Другите девојки и се смееле кога се пресоблекувала на часовите по физичко затоа што била бледа. Во кантината соучениците ја гаѓале со помфрит, а секое излегување било вистинско измачување. Била и жртва на сајбер насилство. Луѓето ја фотографирале, а потоа ги поставувале нејзините фотографии на социјалните мрежи нарекувајќи ја чудовиште. Ова траело со години и Сара почнала да се чувствува грда и безвредна.
“Драго ми е што им докажав на луѓето кои ме малтретираа дека не се во право. Животот ми беше пекол. Но на некој начин, ми направија услуга, бидејќи никогаш порано не помислував дека ќе бидам овде, каде што денес се наоѓам. Сега веќе не чувствувам потреба да се кријам и се гордеам со она што сум“, вели Сара.
