
Ди Каприо го искористил видео клипот од интернет за што пореално да ја одигра сцената во која неговиот лик ќе се предозира со таблети и во таква состојба треба да си оди дома.
Видеото на човекот кој во видно алкохолизирана состојба се обидува да купи уште две пива има над 4 милиони прегледи, а актерот вели дека тој му бил инспирација за сцената со таблетите во филмот.
“Неговото тело беше совршено еластично, а најмногу ме фасцинираше неговата мотивација да дојде до алкохол, за што му беше потребен половина час“, изјавил Ди Каприо.
Ди Каприо благодарение на овој филм доби уште една номинација за Оскар, а неговите фанови сметаат дека е крајно време после 4 номинации да го освои.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z2XeVs4wqdE
httpv://www.youtube.com/watch?v=tJINytrY3Bo