
Полициската станица од Мисисипи морала да отпушти некој од своите редови. Овој пат, тоа е полискиото куче Фред.
Фред добил отказ затоа што му било поинтересно да си игра со конзервите отколку да бара дрога кога било потребно. Сакале да му дадат последна шанса, но тој и понатаму забушавал на работа. Велат дека имал голем талент да намириса дрога, но изгледа дека забавата му била поважна.
За Фред биле вложени 13 000 долари, вклучувајќи храна и специјални тренинзи. Вратен е на неговите први сопственици во Луизијана.
