Берлускони повторно на суд!

popara11 февруари, 20141min00
silvio-berlusconi-facepalm-600x350

Поранешниот претседател на италијанската влада Силвио Берлускони, кого го застапуваат адвокатите Микеле Черабона и Николо Гедини, е обвинет дека на поранешниот сенатор Серџо Де Грегори, по парламентарните избори во 2006 година му платил три милиона евра да премине од малата партија Италија на вредностите во редовите на десниот центар кој го водеше Берлускони и чијшто сенатор и самиот беше по последните вонредни парламентарни избори.

121026030533-berlusconi-woman-story-top

 

Партискиот трансфер на Де Грегорио ја поткопа тогашната влада на премиерот Романо Проди, која имаше тесно парламентарно мнозинство и придонесе за нејзино паѓање во 2008 година, а следните избори ги доби десната коалиција предводена од Берлускони.

Во овој случај му се суди и на Валтер Лавитола, новинар и поранешен советник на Берлускони, кој наводно ја имал улогата на посредник во подмитувањето на сенаторот Де Грегорио. Лавитола првпат беше под истрага во 2011 година, но ја напушти Италија и отпатува за Јужна Америка. По осум месеци бегство се врати во земјата во април 2012 година и веднаш беше уапсен на аеродромот.

0,,16655253_303,00

 

77-годишниот Берлускони беше исклучен од Сенатот (горниот дом на италијанскиот парламент) во ноември 2013 година по дваесетгодишната политичка кариера поради пресудата за даночна малверзација. Берслукони според важечките законски прописи, поради возраста нема да оди во затвор, но судот кон средината на април ќе одлучува дали ќе одработува една година општествено корисна работа или ќе биде ставен во домашен притвор поради споменатото кривично дело.

Во јули 2013 година Берлускони беше осуден на седум година затвор и доживотна забрана за извршување јавни должности поради злоупотребата на функцијата и користење сексуални услуги на малолетна проститутка во случајот Рубигејт. Тој се жалеше на пресудата, а неговите адвокати се надеваат дека апелациониот суд ќе ја поништи таа пресуда. Тој останува на слобода и неосуден сé додека не се исцрпат сите можности за жалби. Берлускони го очекува и уште едно судење поради наводно потплатување на повеќе од 40 актери, танцувачки, пратеници и други лица лажно да сведочат во аферата Рубигејт.