
Ако сте изгубиле вера во постоењето на вистинска љубов, роматичната приказна на овие луѓе ќе ви даде надеж…
Олимпија (95) и Мајкл Дентис (94) биле во среќен брак долги 67 години. Родени се во иста болница, растеле на иста улица, се засакале во училиште…венчавката и создавањето семејство за овие двајца Американци претставувало најлогичниот возможен чекор.

Со оглед на тоа дека заедно го поминале цел живот, ни малку не изненадува тоа што овој свет го напуштиле заедно. Иако тоа не го знаеле, не се договарале, последниот здив го испуштиле овој месец, со разлика од само неколку часа.
Кога Олимпија починала во болница од воспаление на белите дробови, нивните деца одлучиле ништо да не му кажуваат на Мајкл кој во тој момент се борел со рак во друга болница.
Мислеле дека ако премолчат, Мајкл ќе има поголеми шанси да се пребори со болеста. Му била неоходна голема сила за да се врати дома кај семејството.
Меѓутоа старецот со своето шесто сетило почувствувал дека неговата сакана Олимпија повеќе ја нема. После неколку часа од смртта на сопругата и Мајкл испуштил душа и рекол: Одам да се сретнам со неа! Многу ми недостасува!
Судејќи според се, и двајцата сакале да бидат неразделни. И во живот и во смрт, Олимпија и Мајкл засекогаш ќе бидат заедно! Лесна им земја!
