Преслатко 11 месечно бебе починало откако ја нападнал пит бул: Таа беше мојот живот!

popara12 февруари, 201417min00
11

Додека нејзината мајка и нејзиниот нов дечко биле на првиот кат, малечката била горе каде што ја нападнал пит булот. Веднаш била префрлена во болница, но за жал и немало спас!

11 месечната Ава синоќа била префрлена во болница околу 23 часот откако ја нападнал опасниот домашен миленик додека била во своето креветче, во куќата на нејзиниот очув во Велика Британија.

Полицајците и болничарите се обидувале да ја оживеат но таа веќе била мртва.

Мајката и очувот на несреќното бебе кои биле на првиот кат за време на нападот, се уапсени и осомничени за убиство.

Јас бев скршен после она што се случи. Дознав синоќа и веднаш отидов во болница да ја видам – вели таткото на девојчето Дин Корлес.

Таа беше најубавото и најслатко девојче. Таа беше целиот мој свет! Беше убава како порцеланска кукла!

Тоа куче беше закана, беше ноќна мора за комшиите, а луѓето се плашеа да му пријдат – изјавил првиот сосед.

Почивај во мир слатко ангелче!:(

2ava beba