Момчето кое на Јутјуб поставило клип за кој добил само 1 лајк стана нова интернет ѕвезда.
Дека не е потребно да направите Бог знае што важно или интересно за да станете хит на светската мрежа, докажува и овој клинец.
Момчето барало “три до пет лајкови“, а потоа неговото видео го привлекло вниманието на фановите на сајтот Редит.
“Малечкиов бараше три до пет лајка, ајде да му помогнеме“, напишал еден од корисниците на сајтот и ги повикал останатите да му се придружат.
И така момчето за само неколку дена добило повеќе од милион прегледи на Јутјуб, а неговото видео, без разлика какво е има над 110 000 лајкови. Ајде и ние да стиснеме по еден!:)
httpv://www.youtube.com/watch?v=vZcDjcaSHvc