Поради овие фотографии пријателите ја избришале од Фејсбук!

popara14 февруари, 201418min00
0

Бет Ванга е од Австралија, има 32 години и е мајка на 4 деца. Таа објавила на својот Фејсбук профил фотографии од своето голо тело после извршената мастектомија  и хистеректомија, што ја чинело губење на повеќето Фејсбук пријатели. Таа вели дека воопшто не и е жал.

На оваа мајка на 4 деца и бил дијагностициран рак минатата година. Затоа и биле отстранети градите и матката поради што има толку многу лузни по телото.

Со цел да ја подигне свеста кај жените таа го направила овој проект за да ги прикаже последиците од операциите. Сепак, откако ги поставила фотографиите на Фејсбук видела дека повеќето пријатели ја избришале.

Секој ден среќаваме разни луѓе. Изгледаат нормално, но под облеката понекогаш нивните тела раскажуваат поинаква приказна. Стари или млади, годините не се важни, но прегледот е многу важен! Може на секого да му се случи – вели Бет и додава дека секој има право на свое мислење и ако барем една жена поради неа го прегледа своето тело, таа ја постигнала својата цел. Фејсбук ја контактирале и и рекле дека нема да ги отстранат нејзините фотографии.

1

2

3