Тајната на кафените очи

popara14 февруари, 201417min00
5

Научници од Карловиот универзитет во Чешка направиле истражување, според кое луѓето со кафени очи печалат најголема доверба во општеството.

Во истражувањето се вклучиле доброволци, на кои им биле покажувани фотографии со различни мажи и жени. После тоа од учесниците било побарано да ги подредат видените лица според тоа кои од нив им влеваат најсилна доверба. Се покажало дека 90% од посочените фотографии се луѓе со кафени очи.

Изненадени од резултатот, научниците решиле да откријат дали имено топлата боја лежи во основата на таа голема доверба уште од прв поглед. За таа цел ги обработиле фотографиите и ги смениле кафените очи со сини и зелени. Ги покажале повторно на учесниците, а тие веднаш го смениле првичното мислење.

Заклучокот на оваа стидија бил дека погледот на кафените очи смирува, влева топлина, доверба и блискост. Токму затоа останатите гледаат во нив луѓе на кои можат да им се доверат и да сметаат на нив.