
На интернет со денови кружи фотографија од двајца мажи кои разменуваат бакнеж, а еден од нив многу наликува на Џастин Бибер!
И додека неговите фанови се обидуваат да го ‘оправдаат’ и пишуваат дека се работи за фотомонтажа и дека некој си играл во Фотошоп, ќе мораме да ги разочараме – фотофрафијата е оригинал, а девојките ќе можат да воздивнат – на фотографијата не е Џастин.
Во прашање е Роб Томас, кој фотографијата на која го бакнува својот дечко ја закачил на Твитер уште во август минатата година, а случајно неговото момче многу личи на младиот пејач. И самиот Томас во неколку наврати се обидел да демантира дека е Џастин на фотографијата, но јазиците очигледно одлучиле на Бибер да му направат ште еден проблем.
