
Состојки:
800 г.конзервирани домати (пелати)
2 чешниња лук
врзоп босилек
сол, бибер
масло за јадење
Подготовка:
Во тенџерето во кое ќе го правите сосот ставете малку масло да се загрее, а потоа запржете го исечканото лукче. Кога лукот ќе почне да ја менува бојата, додајте го босилекот и процедениот домат.
Како што ќе се загреваат доматите, мешајте ги со дрвена лажица и пасирајте ги. Кога смесата ќе зоврие, зачинете со сол и бибер.
Тргнете го сосот од огнот, па процедете ја смесата низ крупна метална цедалка, а притоа извадете ги лукот и босилекот. Вратете го сосот во тенџерето и оставете кратко да се вари уште 5 минути, за смесата да згусне уште малку.
Сосот можете да го чувате во фрижидер околу недела дена, во добро затворена тегла.