
Ако сакате да ја промените и освежите фризурата, тогаш скратете ја косата од страна, а средината оставете ја долга.
Доколку сте маж кој има округло лице, тогаш подобро ќе ви одговара поголем волумен на долгиот дел од косата, кој го издолжува лицето.
Ако вашиот лик има овална форма добро е да оставите малку повеќе коса од страна и да не претерувате со должината на косата на средината од главата. Во спротивно, вашиот лик ќе се издолжи уште повеќе.

