Откога ја сними рекламата за жилетите “Venus”, холивудската актерката и пејачка Џенифер Лопез со истите средства промовира нова L’Oreal маскара.
Џенифер долгите нозе ги покажа на задното седиште од лимузината, а во друга сцена прошета со црн фустан преку кој ни ги покажа своите долги нозе.
Рекламирањето на L’Oreal е последна во низата реклами во кои Џенифер ја има главната улога. Веќе кажавме дека ги рекламираше жилетите “Venus”, а исто така се најде во рекламни спотови за модните парчиња на “Gucci” и шампон на “L’Oreal”.
Во работата на Џенифер Лопез на ниту еден начин не и влијае фактот дека е мајка на две деца, иако таа истакнува дека одбива некои проекти поради нив, секако децата и се на прво место, пренесува “Daily Mail”.