
Популарниот музичар Крис Браун често е мета на медиумите поради своето скандалозно однесување, а сега е и жртва на уцена поради наводната тепачка каде учествувал на кошаркарска утакмица минатата година.
Малком Аусбун поднесол кривична пријава против раперот кој според наводите за време на утакмицата заедно со уште тројца свои другари предизвикал тепечка во која тој бил повреден.
Адвокатот на Аусбун испратил писмо на адвокатот на Крис во кое се вели доколку раперот не плати оштета од 250 000 долари ќе подигне обвинени и ќе бара затворска казна.
Браун пак не сака да ги исплати парите бидејќи како што вели не го ни допрел Малком за време на тепачката и смета дека е жртва на уцена.