Сноуден: НСА ги прислушкува светските влади кои се во спор со САД!

popara17 февруари, 201417min00
7

Според Њујорк Тајм бившиот службеник на НСА Едвард Сноуден обелоденил дека една адвокатска фирма била прислушкувана додека ја застапувала индонезиската влада во трговски спорови со САД .

Њујорк Тајмс пишува дека Австралискиот директорат за сигнали ја известувал НСА за прислушкување на разговори вклучувајќи ја комуникацијата помеѓу индонезиските претставници и адвокатската фирма и понудиле размена на информации.

Иако американската адвокатска канцеларија не е идентификувана во документот, познато е дека Мајер Браун од чикаго ја советувала владата на Индонезија за трговија со САД.

Сноуден собрал 1,7 милиони документи кога побегнал од САД минатата година и споделил дел од нив со новинарите.

Сноуден се наоѓа во Русија каде му е одобрен привремен азил бидејќи е обвинет за кражба и жпиунажа во САД.