Во Скопје нема повеќе простирање алишта и сушење пиперки на тераса!

popara18 февруари, 201417min00
9

Жителите на Скопје чии тераси гледаат на улица или трговски центар на оградите на терсите и на жици нема да имаат право да простираат алишта, завеси, постелнина и теписони, како што предвидува Одлуката за комунален ред.

На терсите нема да може да се ставаат предмети кои го грдат изгледот на објектот како што се стари плакари и апарати за домаќинство, а нема да смее да се видат ни тегли со зимница ни обесени суви пиперки.

Предлогот за комунален ред на Град Скопје предвидува и на прозорите, балконите и терасите или оградите да се чува само саксија со цвеќе и тоа само доколку не се оштетува објектот и не влијае на безбедноста во сообраќајот.

Комуналните инспектори ќе имаат овластување со налог да го натераат сопственикот на станот да ја среди терасата.