
Луѓето кои пробале скоро сѐ што денес како производ го нуди современата медицина, по многуте неуспешни обиди посегнуваат по природни лекови и природни методи на лечење. Почнуваат да пијат најразновидни чаеви, да се хранат здраво со цел да ја подобрат нивната здравствена состојба и да го подобрат нивниот имунитет, како би станале имуни на секакви заболувања.
Постојат многу домашни лекови кои секој од нас може да ги приготви. Потребна е само желба за да се направат и надеж дека тоа што дома ќе биде приготвено во голема мера ќе ја подобри здравствената состојба.
Денешниот домашен лек е лекот за подобрување на имунитетот, лек кој до сега се има покажано како 100% успешен.
Направете го и кажете им засекогаш збогум на настинките, вирусите и болестите.
Потребни состојки:
500 мл. цеден сок од лимони
500 гр. мед
150 гр. бел таан
125 гр. мелени ореви
125 гр. мелени несолени бадеми
125 гр. мелени лешници
125 гр. мелен сусам (се мели во машина за мелење шеќер)
10 гр. цимет
30 мл. 30% прополис
10 гр. рендано морско оревче
Подготовка:
Сокот од цедениот лимон убаво се меша со медот и таанот и во таа смеса една по една се додаваат сите останати состојки. На крајот се става прополисот, смесата уште еднаш убаво се меша, се става во тегла и се остава да отстои неколку дена на суво и ладно место. Потоа, секое утро на гладно се зема по една супена лажица од лекот. Се консумира целата доза без прекин, а ако треба да се консумира уште една доза, се прави пауза од еден месец помеѓу двете дози.