Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претставуваат голема опасност. Најчесто се јавуват за време на бременоста, кај пациентки со шеќерна болест, како и по спроведување на антибиотска терапија. Кандидијазата може да се развие локално: слузница (уста, вагина, дигестивен систем) и кожа; и системска. Симптоми: чешање, иритација, печење при мокрење, густ исцедок, мирис на квасец, проблеми со циклус, проливи, грчеви во желудникот, црева, надуеност итн.
Инфекцијата на вагината предизвикана со габата Candidа се нарекува вагинална кандидоза, кандидијаза или вагинална монилијаза.
Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.
Како едноставно, бесплатно и сигурно да утврдите дали имате зголемено ниво на кандида во организмот, како да ги препознаете симптомите и како да се лечите?
Тест за кандида салива
1. Пред да одите на спиење, наполнете ја чашата со вода и оставете ја покрај креветот.
2. Следното утро, веднаш штом се разбудите, плукнете во водата.
3. Не се обидувајте да соберете во устата што поголема количина на плунка, само плукнете го тоа малку што го имате во устата после будењето.
4. Оставете ја чашата 15 минути.
5. Најдете извор на светлина и погледнете во чашата.
6. Ако вашата плунка останала на површината од чашата, или се стопила, со вас е се во ред. Нормално е ако се во водата присутни меурчиња од воздух.
7. Ако водата станала матна или пак во водата се гледаат ленти што се спуштаат надолу, или пак плунката се собрала долу, постои голема можност дека имате премногу кандида во организмот.
8. Во овој случај предлагаме да се обратите за совет кај својот лекар или да се обидете да се ослободите од неа на природен начин.
Симптоми
Симптоми на прекумерен раст на кандида во организмот: хронични габични инфекции со симптом на чешање, печење и засилен исцедок, проблеми со варењето како надуеност и гасови, грчеви, дијареја, констипација и киселини, алерија, затнат нос, хроничен исцедок од носот, честа кашлица, болки во грлото, настинка, астма, алергија на храна, хроничен замор, симптоми како анксиозност, депресија, иритабилност, слабо помнење и слаба концентрација и проблеми со менструалниот циклус и кожни осипи.
За растот на кандидата се одговорни: лекувањето со антибиотици, ослабен имунолошки систем, користење на контрацепција или хормонска терапија, храна богата со рафиниран шеќер.