Како ве манипулираат хороскопските знаци во врската

popara17 јануари, 201518min00
11

Овен
Со припадниците на овој знак, во љубовта ве очекуваат доста проблеми. Тие сакаат да ги прават и таму каде што ги нема, најчесто со својата љубомора, посесивност и импулсивните сцени пред другите. Вешти се во пасивната агресија, па ако нешто не им е по волја, очекувајте дека безброј пати и на најлошиот можен начин ќе ви го извадат на нос.

 Бик

Како и кај Овенот, на припадниците на овој знак, во љубовта највеќе им смета љубомората. Партнерот ги мачи игнорирањето, глумата и прикажувањето како се е во ред. На крајот на секоја расправа, кавгата ќе заврши само ако му признаете на Бикот дека е во право, бидејќи тој секогаш е најпаметен.

 Близнаци
Превртливите припадници на овој знак во врската повеќе се посветени на себе отколку на патнерот, а очекуваат дека тој секогаш ќе се труди за нив. Изгледаат дека никогаш не се задоволни, а намерно ќе провоцираат љубомора. Отровните зборови и навреди не се им непознати.

 Рак
Најлоша работа кај припадниците на овој знак е што можат да се навредат скоро на се што им кажете. Опседнати се со мислењето на околината, а кога се налутени стануваат безчувствителни и осветнички настроени, спремни се засекогаш да го замразат тој кој силно ќе ги повреди. За опроштај ќе треба долго да ги молите.

Лав
Припадниците на овој знак ќе ги дознаат слабостите на својот партнер и секогаш кога ќе се почувствуваат загрозено, ќе ви ја префрлаат вината како самите би биле подобри. Стануваат ужасно напорни ако не им се посветува толку внимание колку што сметаат дека заслужуваат и драматизираат до бесвест.

Девица
Секогаш спремни на критика, припадниците на овој знак кон никој не се толку ужасни како спрема љубовните партнери. Бидејќи и во љубовта се перфекционисти, се мора да биде така како што замислиле, а ако не е, се лутат со денови. Склони се кон проверување на партнерот и често се посесивни.

Вага
Со нив партнерот тешко може да знае на што е, бидејќи и на најмалата ситница можат да го променат ставот и расположението. Имаат цел сет на правила, како нивниот партнер треба да се однесува, па дури и да се облекува. Сметаат дека партнерот треба да ги слуша во се и се поставуваат како советници.

 

 

 

Шкорпија

Припадниците на овој знак се склони кон флертот, но и кон аферите. Способни се да манипулираат и лажат за да дојдат до својата цел. Иако нема да прават сцени во јавноста, ако ги посрамотите пред друштвото, тоа тешко ќе ви го опростат.

 Стрелец
Иако ќе се заколнуваат на вечна љубов и предаденост, припадниците на овој знак секогаш ќе гледаат што на нив и одговара и како да ја свртат ситуацијата во своја корист. Ако погрешите, очекувајте дека ќе ви солат памет, но ни случајно не се обидувајте да го направите истото во обратната ситуација бидејќи тоа ќе го доживеат како најдлабока тешка емоционална навреда.

 Јарец

Како и Девицата и припадниците на овој знак имаат многу очекувања од партнерот, а тоа во секој момент ќе му го даваат до знаење. Можат да мислат едно, а да зборуваат нешто сосема друго, а да се однесуваат така да ништо не ви е јасно. Во состојба се многу добро да ги сокриваат сопствените чувства и инсистираат на тоа да проблемот никогаш не е во нив.

Водолија
Припадниците на овој знак толку многу се гордеат со својата индивидуалност да покрај нив никој не се чувствува сакан. Обожаваат да се инаетат, но и да глумат инает како би дошле до својата цел. Ако се повредени, тоа никогаш не го признаваат, туку го враќаат дупло.

 Риби
Бидејќи се свесни дека во љубовта многу даваат, уште поголем е стравот дека тоа нема да им биде возвратено. Константно ја тестираат партнеровата љубов, а љубоморни се и без причина. Сепак, тоа ретко ќе го признаат, а многу убедливо ја наметнуваат вината на партнерот со солзи во очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag