
Искористете ја вашата мудрост и надополнете ја со следните совети и трикови за да ја зачувате вашата возраст во тајност и секогаш да добивате коментари дека изгледате негувано и младолико:
- Негувајте кратки нокти. Долгите нокти го потенцираат присуството на испакнатите вени на рацете или истакнатите ковчиња на прстите. Најдобро е да одржувате должина на ноктите од околу 3-5 милиметри.
- Одржувајте ја цврстината и еластичноста на кожата на рацете. Додека чистите со силни средства, користете ракавици за да го спречите прекумерното сушење на кожата на рацете. Пред спиење и секогаш кога имате можност во текот на денот, негувајте ги рацете со крем со глицерин или шеа путер за да им го вратите младешкиот изглед. Можете да користите и крем за избелување за да ги елиминирате старечките дамки.
- Одржувајте ја цврстината и еластичноста на кожата на рацете. Додека чистите со силни средства, користете ракавици за да го спречите прекумерното сушење на кожата на рацете. Пред спиење и секогаш кога имате можност во текот на денот, негувајте ги рацете со крем со глицерин или шеа путер за да им го вратите младешкиот изглед. Можете да користите и крем за избелување за да ги елиминирате старечките дамки.
- Засилете ја белината на забите. Белите заби ќе ве поттикнат повеќе да се насмевнувате, а истражувањата покажуваат дека луѓето ги перципираат како помлади насмевнатите лица. Еднаш неделно правете паста од една лажичка сода бикарбона и неколку капки 3% хидроген и со неа четкајте ги забите една минута. Ефектот е забележлив.
- Спречете ја појавата на испукани усни. Редовно користете балсам за усни за да го елиминирате појавувањето на „брчки” на усните. Барем двапати неделно правете си пилинг од шеќер и мед и протријте ги нежно усните за да ги омекнете и да го отстраните грубиот слој. И што е најважно, искоренете ја навиката за оближување на усните.
- Погрижете се за влакненцата на лицето. Повозрасните жени, а особено оние кои се во периодот по менопаузата, може да забележат дека на нивното лице се појавиле влакненца над усните и на брадичката кои претходно ги немало. Влакненцата предизвикуваат лицето да изгледа погрубо и постаро. Во денешно време постојат најразлични начини за отстранување на овие влакненца – од евтина депилација со ленти до скапи потрајни третмани за елиминирање на влакненцата. Изберете метод според вашите можности и решето го овој „проблем”.
- Забранете си ја употребата на темни мат кармини. Темните кармини прават усните да изгледаат потенки, а мат финишот уште повеќе го надополнува тој ефект. Ако сакате да изгледате помладо, користете посвежи бои на кармин, како розова, и користете сјај. Сјајот ќе направи усните да ви изгледаат пополни. Ако не сте обожаватели на сјајот за усни, користете кремасти кармини со сатенски финиш.
- Заборавете на предолгата коса. Предолгата коса само го „остарува” вашиот изглед. Најдобро е должината на косата да биде некаде до рамената. Потстрижете се на слоеви, бидејќи тие ѝ даваат на косата волумен и разиграност.
- Подмладете се со шишки. Потстрижувањето на шишки е најбрз начин за прикривање на брчките на челото, а се уште попривлечни затоа што го насочуваат вниманието кон очите.