Боуви не присуствуваше на доделувањето на наградите, а во негово име наградата ја подигна славната манекенка Кејт Мос, која прочита негова изјава во која тој нагласи дека наградата е прекрасен начин за завршување на годината и ги повика Шкотите на рефендумот во септември да го отрфлат предлогот за отцепување од Велика Британија.
Боуви во оваа категорија ги победи своите значително помлади конкуренти Џејк Баг, Том Одел, Џон Њуман и Џејмс Блејк.
Славниот пејач, што го објави албумот „The Next Day” по децениска пауза, во далечната 1984 година исто така беше прогласен за најдобар машки изведувач на „Brit Awards”.
Сите наградени на „Brit Awards 2014″
Најдобар машки изведувач: David Bowie
Најдобар женски изведувач: Ellie Goulding
Најдобра група: Arctic Monkeys
Најдобра песна: Rudimental featuring Ella Eyre – Waiting All Night
Албум на годината: Arctic Monkeys – AM
Видео спот на годината: One Direction – Best Song Ever
Најдобар странски соло артист: Bruno Mars
Најдобра странска соло артистка: Lorde
Најдобра странска група: Daft Punk
Награда за глобален успех: One Direction
Најдобар дебитант: Bastille
Избор нa критиката: Sam Smith
Продуцент на годината: Flood & Alan Moulder