Како се соочувате со вашиот ривал?

popara21 февруари, 201418min00
13

Овен

Бидејќи сте импулсивни и љубоморни, вие на лице место се пресметувате со соперничката, за кој и да се работи. Веднаш и давате до знаење која сте и што сте, а уште повеќе кој е ваш емотивен партнер или сопруг која таа се обидува да ви го преземе. Затоа, ако треба и до последниот здив, ако е потребно буквално и физички, ќе се борите за својот маж, и тоа со сите средства и на сите начини, пошто се придржувате до изреката дека во љубовта и војната се е дозволено.

Бик

Вашата суета не може да дозволи да не се осветите на соперничката, но после откако добро сте го испитали теренот и сте утврдиле со кого имате работа. Доколку приметите било каков знак на сомнително однесување, тргнувате во акција на следење и утврдување на фактите со своите очи. Кога се уверите дека “каде има дим, има и оган”, тешко на онаа која се обидела да посегне за нешто што е ваше.

Близнаци

Иако сте практични и спремни на компромиси, не сакате некој да ве прави будала, бидејќи тоа пред се, го навредува вашиот здрав разум, Спремни сте дури и да се спријателите со таа безобразница, која премногу се приближила на вашиот партнер, само за да дознаете како и кога се започнало. Тешко нему, но и неа, кога ја пробиете неговата лозинка, бидејќи тогаш ќе направите хаос од нивниот живот.

 

Рак

Иако во принцип сте си доволни сами на себе, знаете да бидете многу пресметливи кога некој му се доближи на вашиот партнер. Тогаш станувате енергични и опасни, па на вашата соперничка ќе и наместите таква интрига во врска со вашиот партнер, што нема да знае од каде ветерот дува. А вие ќе се смешкате некаде, од заседата која сте и ја поставиле, и сте ја ставиле во таква непријатна ситуација, да веќе нема да и падне на памет да се сплетка со било кој, а посебно со вашиот партнер.

Лав

Која е таа што се осмелила да помисли дека е подобра од вас и да има право на вашиот парнет? Нема добро да си помине бидејќи сте многу осветољубиви, него суетни како што многумина мислат. А бидејќи се грижите за себе и нема да дозволите да бидете оставени, занемарени поради соперничката, ќе и објавите војна, ќе се соочите со неа, а подоцна со својот партнер. Ако има среќа уште да го сакате, добро поминал.

 

Девица

Иако сте спремни многу да истрпите во името на љубовта, вие сепак тешко ги поднесувате поразите, па затоа и ќе се потрудите да сфатите зошто некоја се вмешала во вашата врска. Додека размислувате како вашиот љубовен живот ви излегол од контрола, ќе дознаете се за вашата соперничка, каде живее, што прави, каде излегува и мудро ќе ја исфрлите од колосек, а него ќе го обврзете со семејни обврски.

Вага

Бидејќи сте прилагодливи, ќе се пресметате со соперничката ладнокрвно, со трошка презир и поголема доза на гадење. Вие воглавно доминирате во емотивната врска и ги влечете конците од позадина, следите се што има врска со партнерот , вклучувајќи ја и својата соперничка. Но, никогаш не се знае како ќе реагирате, така да таа брзо може да стане дел од минатото, бидејќи ќе му поставите услов на партнерот- таа или јас.

Шкорпија

Недоверливи сте, посесивни и љубоморни, па изневрувањето не го простувате лесно, подобро кажано- никако. Затоа нема потреба да се пресметувате со соперничката, бидејќи се знае кој е виновен- вашиот партнер, па тој е тај што ќе ги снесува последиците на вашето разочарување или вашиот бес. Неа ќе ја игнорирате во потполност или потполно ќе ја разберете, во зависност од чувствата кои ги чувствувате спрема вашиот партнер, но никогаш повеќе нема да му верувате, дури и ако на колена ве моли за прошка.

Стрелец

Непредвидливи сте, независни, но и многу романтични, па не ви е сеедно ако само се посомневате дека вашиот партнер има друга. Тогаш се претворувате во детектив кој ќе ги испита сите поединости на нивната евентуална врска, како и кога се запознале и колку време трае тоа. Пошто обично вашиот партнер е послаб од вас, знаете дека тој ќе ја елиминира вашата соперничка, а вие ќе отидете на кафе со помлад колега кој веќе долго време ви се додворува.

Јарец

Суетни сте и ранливи истовремени, па кога во главата ќе ви заѕвони ѕвоното за алармирање, поради некоја друга која се меша во вашиот љубовен живот, веројатно ќе барате грешки во себе. Тогаш ќе се запрашате дали може да биде тој толку луд да ве остави поради друга, кога и двајцата сте свесни дека ниедна не е вредна за тоа. Можеби е постраствена, можеби полесно ги покажува чувствата отколку вие, можеби има нешто што вие го немате, но нема да ви биде лесно што и да дознаете.

Водолија

Вие никогаш не ги откривате картите до крај на вашиот партнер, така да тој никогаш не е сигурен како ќе се однесувате, ако тој почне да бара “преку леб погача”. Иако не сте злопамтило, конкуренција не поднесувате, посебно ако сте потполно посветени на партнерот кој го сакате. Свесно или не, ќе му приредите исто изненадување, по системот “клин со клин се избива” и така ќе ја елиминирате соперничката, а него ќе го оставите да размислува што ќе прави понатаму.

Риби

Не сте толку прилагодливи како изгледате и знаете да се заинатите, често на своја штета, бидејќи сте многу суетни. Доколку приметите дека тој има друга или можеби само флертува со друга, тоа е за вас навреда која долго ќе ја паметите, а соперничката ќе ви биде само доказ повеќе колку тој нема слух за вашата преосетлива природа. Изневерувањето тешко го простувате и еднаш кога одлучите да го напуштите, ништо веќе нема да ве натера да му се вратите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma