
Памела Росео од Флорида е вистински херој! Му го спасила животот на својот пет месечен внук кој за време на возењето во автомобил престанал да дише.
Росео го застанала возилото , го извадила детето и применила вештачко дишење.
Минувачите дошле да помогнат, а меѓу нив се нашол и фотографот Ал Дијаз. Како и секој фотограф, тој ја забележал ситуацијата и посегнал по својот апарат. Кога видел за што станува збор, тој веднаш влегол во возило и тргнал по помош.
-Како фоторепортер сакате да направите добри фотографии, но како човечко суштество имате нагон да им помогнете на оние кои се во неволја- изјави Дијаз.
Така наишол на полициско возило и полицаецот Амаурис Бастидаси дошол да помогне во реанимацијата.
Во текот на давањето прва помош, бебето во два наврати продишало и повторно престанувало да дише, но кога пристигнала брзата помош, малиот Себастијан бил во стабилна состојба.