
„Кафе Лу” е место во кое претежно работат секси девојки со потекло од Виетнам. Популарноста на овој угостителски објект сè повеќе расте поради несекојдневната атмосфера во која девојките ги услужуваат гостите.
Овде може да се купи календар со нивни фотографии, а девојките цело време се љубезни и насмеани со гостите.
Сопственичката некогаш работела во кафулето како келнерка, а потоа добила можност да го купи објектот и да го претвори во едно од најпопуларните места во Санта Ана.
