
Според информациите на медиумите во Бугарија, меѓу уапсените се две жени на возраст од 40 и 54 години и двајца мажи од 38 и 39 години, а грчката полиција трага по уште една Бугарка, поради постоење сомнеж дека е соучесник.
Четириесет годишната бугарска државјанка осомничена е дека го украла двомесечното бебе, кое требало да го причува додека мајката на бебето вадела документи во Конзуларното претставништво на Бугарија во Солун.
Бебиситерката планирала бебето да го продаде за 6.500 евра.
Неколку дена подоцна со 54 годишната сонародничка отишле на нотар, пред кој помладата жена се претставила како мајка на бебето, а постарата како жена која сака да го посвои.
Двајцата уапсени мажи, пак, им се заканувале на родителите да не го пријавуваат случајот во полиција.
Грчките полициски службеници по расчистување на случајот, бебето ќе им го вратат на биолошките родители.