Десетгодишното момче повторно фатено со украден автомобил! Овој пат да ја повози 18 месечната сестра!

popara21 февруари, 20141min00
91a2608c-79b7-4944-b90e-c9f3a51d047c

Овојпат малиот палавко го земал автомобилот на еден роднина кај кој бил на гости со родителите и успеал да извози цели 30 километри, соопшти локалната полиција.

Во еден момент родителите забележувајќи дека го нема сфатиле што се случува и повикале полицја којашто преку Twitter и радио испратила порака и го замолила граѓаните да ѝ помогнат да го најде детето. Десетгодишникот некаде по патот запрел, а еден минувач му ги одземал клучевите од автомобилот, соопштува полицијата.

Минатата седмица истото момченце пред мугрите го земал автомобилот на неговите родители, ја сместил во него својата 18-месечна сестричка и се упатил кон неговите баба и дедо кои живеат на 60 километри од неговиот дом во местото Дока, 110 километри северно од главниот град Осло. По 11 километри возење по лизгав пат слетал во јаз крај патот, за среќа и двете деца останаа неповредени, каде ги пронашло возач на возило за чистење на патишта од снег. Момченцето ја убедувало  полицијата дека е кепец и дека возачката дозвола ја заборавил дома.

Полицијата му го прости првото возење и само ги предупреди неговите родители да бидат попретпазливи, но вториот инцидент го пријави во социјалната служба.