
Иан Јушер (50) во Велика Британија во 2008-та го оставил целиот свој живот. Работата, автомобилите, моторот, се ставил за продавање на eBay. Со 216.000 британски фунти, колку што имал на располагање, си изградил сам куќа на Карибите и станал најсреќниот човек на светот, пишуваат Daily Mail.

“Отсекогаш сум бил авантуристички настроен и голем љубител на планинарење, кајакарство и њуркање”, – кажува Иан.

Во својот нов дом, кој се наоѓа на бреговите на Панама има доволно време за сите свои хобија. Иако нема струја, а ни доволно вода, ужива во домашната храна кој сам си ја одгледува и приготувува.
На островот, раскажува, успева кокос, ананас, шеќерна трска и бадеми. Модерниот Робинсон Крусо одгледува десетина кокошки од кои добива домашни јајца, а рибите ги купува од околните рибари.

Единствен приход на пари му е заработувачката од продажбата на eBay и од продажбата на книги, а поголем дел од денот го поминува излежувајќи се на плажа. Ужива во пливањето, читањето и со земјоделство.

Во најблискиот град, кој е оддалечен 20 минути со чамец си нашол нова љубов, девојката Ванеса Андерсон. Таа му се придружила на островот, но и’ недостига капучино.

Иан вели дека ништо не би сменил. “Отсекогаш сум сметал дека животот треба да биде авантура”.
А тој својата авантура, ја живее!


![]()