
Пред да почнат протестите на улиците на Киев, демонстрантите успеале да стигнат и до претседателската резиденција на сега очигледно бившиот шеф на државата Виктор Јанукович, кој покрај приватниот хелихоптер, поседува и реплики на средновековни предмети како и многу други работи, меѓу кои и гаража со преку 70 автомобили и мотори во колекцијата. Покрај претседателската лимузина ZIL и GAZ во автомобилите се возеле некогашните водичи на Советскиот Сојуз. Има и теренци исто така од просторот на некогашната СССР, а свое место нашле и повеќе нови модели како Mercedes G Class, SLS, Bentley, бројни легендарни модели од 50-тите и 60-тите години, како и огромен оклопен теренец Knight XV.
httpv://www.youtube.com/watch?v=I_uEb8cIJ_M


