Вистинска приказна: Со солзи во моите очи ја пишувам приказната за разделбата од мојот пријател!

popara24 февруари, 20141min00
german-shepherd-puppy-to-adopt

„Секое утро кога ја отворав неговата врата од кукичката, тој скокаше на мене, ги ставаше шепите и ме прегрнуваше. Потоа трчаше низ скалите, ја букаше вратата и подготвени бевме за работа,” започнува Кристофер со очи полни солзи.

Тажното писмо го пишува додека седи во колата и чека да го одведе Данте на заспивање.

„Сè започна кога еден ден го изнесов од куќичката, а тој беспомошно падна врз мене, без никаква контрола над своето тело. По голем број на тестови утврдено е дека боледува од хипертензија на белите дробови. Неговото срце е зголемено, а започнаа и нападите проследени со низок притисок во мозокот.

Доби еден од тие напади во дворот каде живееме, а јас само седнав на снегот и го прегрнав, трпеливо чекајќи да помине. Влеговме во куќата и ја погледнав сопругата и нашите две дечиња кои плачеа, затоа што беа свесни дека следува нешто за што не бевме подготвени.

Седам во кола, на паркингот и го пишувам овој посмртен говор, само неколку минути од нашата конечна дестинација. Драго ми е што ги преживеа празниците, а на мојата сопруга вчера и беше роденден. Не сакав да го паметам роденденот како ден кога го заспавме Данте.

Го пишувам ова додека се потсетувам на мојот партнер, додека секоја нова реченица буди нова тага. Очите ми се полни со солзи и ги оставам да течат. Данте седи на седиштето и ме гледа за последен пат додека го пишувам ова писмо за него,” го завршува своето писмо Кристофер, збогувајќи се со својот пријател со кој го делел и доброто и злото нешто помалку од една деценија.