
Кинеските медиуми се преплавени со текстови за храбриот пожарникар кој скокнал од кров на зграда за да спаси жена која се спремала да скокне од прозор од третиот кат.
Тимот за итна интервенција пристигнал на лице место веднаш штом ја примиле веста дека жена стои на прозор и размислува за самоубиство.
Бидејќи не можеле да влезат во станот, храбриот пожарникар брзо се качил на кров и реагирал пред жената да го направи тоа што планирала.
Скокнал од кров, ја фатил жената и двајцата безбедно се спуштиле на земја.
Запрашана зошто сакала да се самоубие, жената признала дека се скарала со сопругот.
