Абдалах Кадер имал две години кога Стјуард Ричардсон удрил во автомобилот во кој било момчето. Во несреќата тешко пострадал и 80% од мозокот биле оштетени. Не може да оди, ни да зборува, а не може ни да гледа.
Неговата мајка Лубна се соочила со Ричардсон во затворот во Тексас.
Ричардсон рекол дека сака да ја види Лубна за да и каже дека секој ден мисли на нејзиното дете. Огорчена Лубна, за време на средбата бесно удирала по стаклото кое ја делело од Ричардсон. Плачела и викала: Поминаа пет години, мојот син умира секој ден, никогаш нема да ти простам!
Таа, нејзиниот сопруг и син се враќале дома после семејна прослава, кога пијаниот Ричардсон со автомобил удрил во нивниот.
Снимена е средбата помеѓу очајната мајка и возачот кој во крвта имал три пати повеќе алкохол од дозволеното. Ричардсон ја спуштил главата и гледал во земја додека мајката викала по него. Се извинувал но таа не можела да го прифати тоа.
Сега би требало да одам дома и мојот син би требало да биде добро само затоа што ти викаш дека ти е жал? – викала Лубна.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WZJxbi7dqC8