Ќерката фотограф ја документира борбата на двајцата болни родители…
Во семејството за кое денес ќе ви раскажеме, трагедијата е дупла. И сепак тие успеаваат да бидат позитивни.
Хауи и Лорел Боровик си ветиле дека ќе бидат заедно се додека смртта не ги раздели пред 34 години. И никогаш не претпоставиле дека смртта ќе надвисне истовремено над двајцата. Смртната опасност има три букви – рак. Четврти стадиум.
Заедно оделе на хемотерапија, а ќерка им Ненси која е фотограф ги овековечила и насмевките и солзите низ тие кошмарни месеци.
Лекарите велат дека Ненси треба да побрза со свадбата ако сака родителите да присуствуваат. Церемонијата се одржала во октомври. Два месеци подоцна Хауи го напуштил овој свет, а сопругата продолжила да се бори за живот.
И покрај се ова не е историја за смртта. Ова е историја за силата на љубовта и човечкиот дух. И ние нема да престанеме да раскажуваме вакви приказни бидејќи веруваме дека многу луѓе имаат потреба од нив во потрагата по утеха.