Самсунг веќе го најави настанот под името Unpacked 5 за 24 февруари, а не како што можело да се претпостави дека е во прашање новиот модел на најпопуларниот смартфон на планетата, Samsung Galaxy S5. Дизајнот доста потсетува на претходниот модел кога се гледа од напред, додека позадината е доста променета. Позадината повеќе не е чиста пластика, туку е избраздирана и мека која изгледа како оригиналниот Nexus 7. Ќе го има во црна, бела, златна и сина боја. Гласините за скенер на отисок е точен и е првиот модел покрај Ајфон 5Ѕ кој ја има оваа функција.Скенерот ќе овозможи отклучување на телефонот како и верификација за купување преку PayPal на пример. Екранот е со големина 5.1 инчи, со резолуција Full HD од 1920×1080. Новина е исто која што Galaxy S5 е отпорен на вода и прашина. Доаѓа со најновиот Android KitKat 4.4.2. Самсунг посветува поголемо внимание на фитнес технологијата па така во овој модел вградиле и сензор за откуцување на срцето кој се наоѓа назад под камерата. С5 ќе користи 4 јадрен процесор на 3.5 GHz, 2 GB рам меморија, а батеријата ќе биде 20% појака од претходникот. Камерата е исто така подобрена и сега има 16 мегапиксели како и можност за снимање во 4К резолуција. Овој модел ќе се најде во продажба од 11 април а, цената сеуште не е позната.