На пистата Џон Ф. Кенеди на НАСА во Флорида, Hennessey Venom GT го собори рекордот на Veyron од 269,86 милји на час и постигна дури 270,49 милји на час пред да му снема асфалт за безбедно застанување. Ова е брзина од дури 435 км/ч.
Овој рекорд сепак нема да заврши во Гинисовата книга на рекорди бидејќи според правилата потребно е да се земе просечната брзина од две трки во обратни насоки (што НАСА не го дозволи), а за статусот сериско производство потребно е да се произведат најмалку 30 автомобили. Hennessey планира да произведе толку примероци од Venom GT, a засега има 11 купувачи по цена од милион американски долари за автомобил.
Импресивно е да се види како овој автомобил со V8 мотор со 1.244 КС му пркоси на отпорот на воздухот. А доколку на располагање наместо 4,6 км долгата писта на НАСА ја имаше пистата на Volkswagen долга 8,7 км, воопшто не се сомневаме дека резултатот би бил уште поимпресивен.
httpv://www.youtube.com/watch?v=gWAavCjVQvM#t=0